Наумче Мојсовски мува не го лази, ниту кривичната, ниту скандалите за него – не се доволна причина да си даде оставка

Нити кривичната пријава против него, нити скандалите не му се причина на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски да си поднесе оставка. Директорот мува не го лази, па пред камерата на Алфа си зборуваше како ќе се регулирала стратегијата со ваучерите за да немало злоупотреби во иднина. Како човек чие име се врзува со низа скандали, сега може да зборува за правична распределба на ваучери, останува апсурдно и нејасно.

Признание за злоупотреби и кривична пријава – ова не  е доволно за Наумче Мојсовски да си даде оставка од директорската позиција во Агенцијата за млади и спорт. Тој денеска призна дека се правела злоупотреба со ваучерите. Но наместо за одговорност, тој зборуваше како после се ќе ги сменел работите. Од следната година, парите немало повеќе да одат преку фирми, туку директно преку државата. Но за тоа да се случи во Собранието треба да поминат законски измен, кои  притоа се уште не се дојдени на дневен ред.

По низата скандали изминатиот период, каде Мојсоски беше директно вклучен, вели ваучери за спортистите се даваат еднаш годишно, а висината годинава се зголемила.

  • Ова се прави за да не дојде до злоупотреби, и со овој потег верувам дека ќе се реашат сите проблеми и спортистите ќе ги добиваат парите на сметка. Станува збор за сите федерации, спортски. Ваучери за спортистите се даваат еднаш годишно, а висината годинава се зголемила на 12 до 15 милиони евра, пари кои се очекува да се поделат поделат веќе од 2024, вели Мојсовски.

За време на директорувањето на Мојсовски, Агенцијата за млади и спорт се поврзува со низа скандали. Па го прашавме директорот  дали освен разбранување на јавноста, Агенцијата работи нешто друго.

  • Има доста проекти, како градежни, така и секакви. Еден од клучните за нас се пливачките базени, на кои се работи. Сега се прави базенот во Струга, се работи на нив. Најголемиот проект за нас што ни недостасуваше изминатите години, тоа се 14 пливачки базени за овие атлети, за помладите категории, веќе ги привршуваме. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај, се надевам дека во септември ќе има пуштање, одговори Мојсовски на прашање на Алфа.

Државната комисија за спречување на корупцијата до Обвинителството поднесе кривична пријава директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија за наводна злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. Спортиските работници бараа итно разрешување на Мојсовски. Но ниту Влада, ниту тој гледаа одговорност, иако со распределбите на средства од ваучер системот го оштетиле буџетот на државата. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста