Науката бара итни коекции во учебникот по македонски јазик за шесто одделение

Потребни се итни корекции  во учебникот по македонски јазик за шесто одделение, алармираат филолозите. Недопустливо е да се изучува јазик, а да не се познава неговата историја. Во време кога македонскиот јазик е на удар и негирање од страна на источниот сосед, потребна е силна институционална поддршка за негово негување и зачувување, сметаат експертите.

Атакот дека е некаков дијалект на бугарскиот, можеме на тој начин со негување на нашата историја на македонскиот јазик, нешто што особено сакав да го кажам, бидејќи во новата концепција забележувам дека историјата на македонскиот јазик не е присутна. Не знам зошто, но во 6 одделение порано се учеше. Ако не се знае историјата на македонскиот јазик, тогаш како ќе го зачуваме. Јас сум запрепастена и прашувам зошто историјата и потеклото на македонскиот јазик се исфрлени од оваа нова концепција„ изјави универзитетскиот професор Лидија Иванова.

Во меѓувреме се помал е бројот на студенти на Катедрата за македонски јазик на Филололошкиот факултет во Скопје и во Штип. Неможноста за вработување, ниските плати како наставник или професор и недостигот на мотивација се главни причини  за се помалиот  интерес кај младите да ги изучувааат македонскиот јазик и книжевност. Во моментот на УГД во сите четири години, македонскиот јазик го изучувааат од 20 до 25 студенти.

Катедратата за македонски јазик и книжевност години наназад доделува стипендии, односно студентите во прва година се ослободени од плаќање на партиципација. Откако го покренавме овој тренд, можеме да кажеме дека сепак имаме студенти, но тоа претпоставувам се должи на глобална појава на иселување на наши млади деца надвор од државата„изјави Луси Караниколова-Чочоровска, Декан на Филолошкиот факултет во Штип.

Минимум четири години наназад за учениците не се организираат натпревари по македонски јазик, а поради недостатокот од кадар има случаи каде наставници со завршен Педагошки факултет, предаваат македонски јазик. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста