Натписот на бугарскиот клуб во Битола премачкан со црна боја

Maж од Битола на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека со црн спреј го покрил написот „Иван Михајлов“ на бугарскиот клуб во Битола кој беше избришан од Централниот регистар поради спорното име.

„Министре Спасовски. Конечно моравме ние во Битола да го избришеме името на фашистот бугарски кој направи омраза на нашиот народ македонски со бугарскиот народ. Се надевам нема да понатаму да дозволите крвнички имиња“, напиша тој во објвата.

Бугарската БТВ објави снимки од безбедносните камери на објектот на кои се гледа како човекот со спреј го покрива натписот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста