НАТО работи на интегрирање на системите за подобра комуникација на сите 30 земји членки

Внатре во овие три монтажни објекти, на паркингот на камп во Полска, американските војници работат на изградба на целосна системска интеграција низ источниот фронт на НАТО.

Во суштина, она што потенцијално американскиот радарски систем ќе го забележи, го соопштува до полскиот центар за насочување на напад, потоа на крајот тој полски центар за насочување ја испраќа пораката до романската платформа за гаѓање или напад која потоа ја извршува мисијата“, вели Полковник ЏОН ХОСИ од американската армија.

Ова е новата лабораторија за интероперабилност на Армијата на САД. Тоа е практичен простор за сојузниците на НАТО да ја искористат американската воена технологија за да ги приспособат и подобрат своите сопствени комуникациски системи.

Ова може да се монтира во возило како систем за команда и контрола каде што всушност може да се види слика на пријателски сили. Замислете го ова како вашиот Google Maps, што ја покажува вашата патека и можете да испратите, нешто како апликацијата Waze, некои настани што се случуваат на патот до вистинскиот систем за команда и контрола што е на различен компјутер”, додава Хоси.

Гласот на Америка не можеше да ги види системите како работат во живо поради безбедност, но во лабораторијата која работи само неколку месеци има барања за посетители.

„Имавме претставници од Литванија. Имавме претставници од Естонија. Знам дека сме и дека ќе бидеме домаќини на претставници од Полска и Германија додека се подготвуваме за вежбите“, вели Полковник ТИМ СИКОРСКИ од американската армија.

Еве зошто, велат тие, оваа лабораторија е важна. Многу западни сојузници на НАТО дејствуваат заедно со децении. Но, не е е така со Источна Европа, каде што мнозинството земји од НАТО не се приклучија на алијансата до 2004 година или подоцна.

Американскиот генерал-полковник Џон Колашески, командува со околу 20.000 американски војници низ источното крило на НАТО.

„Мислам дека тие ја гледаат бруталноста на она што се случи во Украина. Постои чувство на итност и има чувство за цел, и сите 30 нации се обединети“, вели Генерал-потполковник ЏОН КОЛАШЕСКИ од американската армија.

Но, едно е сигурно, обединети се за да ја одвратат руската агресија и да ја подобрат нивната способност да се борат заедно.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста