Наставниците на протест против спојување на предметите

Просветните работници повторно го кренаа гласот и излегоа на улица. Незадоволни се од најавите за спојување на повеќе наставни предмети што би предизвикало губење на работни места, а за револтот да биде поголем се жалат и за ниските плати. На овој начин како што велат од Независниот синдикат за образование гласот го креваат оти сметаат дека им се нарушени работничките права, а достоинството и интегритетот им се погазени.

Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални.Секој да биде соодветен за секој предмет да го предава тоа е исто како да ги испратиме хирурзите да гаснат пожар,пожарникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста.Вториот проблем е за почитување на колективните договори, јавнота мора да знае дека во образование наназад години не се почитуваат колективните договори – вели Томислав Гиевски, претседател на НСОН.

На протестот имаше и родители на ученици кои гласно прашаа – до кога власта ќе се игра со образованието на нивните деца.

Секој модул ќе го предава соодветниот професор така? Значи споен предмет, меѓутоа една тема е историја предава историја…темата географија предава географија.Дали тогаш тоа така ви било кажано а сега е нешто поразлично? – прашува родител.

Нас не ни било ништо кажано, ние ја прочитавме концепцијата и во нејзе јасно пишува дека модуларен е пристапот но таа веќе е почаната во петто одделение и не е модуларен пристапот.Во моментот јавноста треба да знае дека предметот природни науки за петто одделение има содржини од физика, хемија биологија и географија ги предава на кого му се падне – рече Гиевски.

Од Независниот синдикат велат дека денешниот протест е само предупредување доколку не се исполнат нивните барања во скоро време најавуваат порадикални чекори.

За интегрирањето на предмети, од МОН велат дека станува збор за новата Концепција во образованието усвоена во 2021 година која треба да даде позитивен ефект и не предвидува укинување на содржини, и уверуваат дека ниту еден наставник нема да остане без часови и  без работа.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста