НАСА досега не беше во можност да ја лансира својата прва мисија Артемис

Лансирањето на ракетата Артемис 1 на НАСА на Месечината беше фрустрација за набљудувачите како што е Марк Франко.

„Се надевав дека ќе ја почувствувам бучавата, моќта и звукот. Ќе беше интересно да се види тоа“, вели Марк Франко.

Франко и неговите пријатели планираа да го гледаат лансирањето, но истекувањето на гориво и другите проблеми двапати го одложија, најмоќниот ракетен систем некогаш создаден за полетување.

„Мислам дека треба да се врати назад во погонот и навистина да го проверат целосно и потоа да се обидат повторно. Мислам дека беше прерано да се повтори по првиот проблем и мислам дека без разлика што и да беше проблемот, тие се обидуваа да го турнат проектот повторно, вели Мери Џејн Патерсон.

Ова е прв пат да летаме со оваа ракета и оваа капсула, така што има многу, многу, многу работи што можат да тргнат наопаку. Ова е пробен лет. Не очекувајте премногу од тоа, вели астронаутот Стен Лов.

Но, со многуте туристи кои се собираат во Флорида за секој обид за лансирање – плус новинари од целиот свет, Стен знае дека тие очекувања се високи, делумно поради високата цена на програмата.

Цената на ракетата и бустерите што ќе ја придвижат капсулата Орион во вселената порасна од 10 на 20 милијарди долари. Секое лансирање ќе чини околу 4,1 милијарди долари. Генералниот инспектор на НАСА очекува цената на програмата Артемис да достигне 93 милијарди долари до моментот кога првите астронаути ќе се вратат на површината на Месечината, во 2025 година.

Тоа ќе се случи доколку НАСА ја реализира првата мисија без екипаж од земјата оваа година.

Имаме предизвици. Мораме да се увериме дека возилото е подготвено за тргнување. Мораме да се увериме дека е безбедно за екипажот. А за тие работи едноставно е потребно време“, вели пензионираниот астронаут на НАСА, Даг Харли.

Даг Харли е пензиониран астронаут на НАСА кој полета на првата екипаж мисија на капсулата Спејс Икс Кру Драгон до Меѓународната вселенска станица. Тој сега работи за Нортроп Груман, еден од изведувачите кои работат на Артемис.

„Тоа го слушав цела моја кариера. Секој авион со кој сум бил вклучен, секое вселенско летало со кое сум бил вклучен. Слушнавме дека кога се обидувавме да полетаме со Кру Драгон, поминаа шест години од времето на доделување на договорот до времето кога полетавме. Потребно е време да се изградат овие комплицирани машини, но вреди“, додава Харли.

И додека НАСА ги решава проблемите и внимателно ги мери ризиците при лансирањето на Артемис, цената не е единствениот фактор. Дејвид Рејнолдс вели дека целата иднина на вселенските летови зависи од овој прв обид без екипаж да се врати на Месечината.

Со секоја работа на различни полиња, намалувате одреден ризик за летот со екипажот. Штом ќе ја донесете таа одлука и ќе одлучите дека е безбедно да се лета со екипаж, тогаш ќе ја сметаме за успешна мисија“, вели Дејвид Рејнолдс.

НАСА сега разгледува неколку термини за лансирање до крајот на септември или октомври.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста