Нападната тетовка од глутница кучиња

Тетовските медиуми попладнево објавија вознемирувачка снимка од напад на глутница кучиња скитници врз девојче во центарот на градот.

На видеото се гледа дека десетеина кучиња почнуваат да трчаат по девојката, која бегајќи од глутницата вика и бара помош. Таа трча кон влезот на зграда, но кучињата ја соборуваат и паѓа на тревникот.

„Се надевам дека ова видео ќе ви ги отвори очите и ќе преземете мерки за оваа жална состојба насекаде низ нашето тетово“, пишува во објавата, жител на тетово.

Проблемот со кучињата скитници во тетово е присутен со години наназад.

Ова беше причина дел од советниците да бараат итна седница на општината за изнаоѓање на решение за овој секојдневен проблем. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста