Наместо одговор како ќе се спречи српската трагедија во Македонија, министерот Шаќири си „куцка„ на својот телефон

Министере знаете ли колку оружје има во основните училиштата?Јас вчера во мојата актерска школа направив анкета, тоа се деца од 8 до 14 години сите 80 ми кажаа дека има ножеви во нивните одделениа.Како тоа мислите да го регулирате? прашува Весна Петрушевска.

Куцкањето на телефон изгледа беше многу поважно за министерот за образование Шаќири од тежината на овие шоканти зборови со кои актерката Весна Петрушевска предупредуваше дека ако итно не се преземат мерки, српското сценарио ќе се случи и во Македонија.

“Во суштина вие сте првиот човек на нештата кои што треба да да ги придвижат работите. И тоа е голема одговорност. Не знам дали ве интересира додека вие чепкате во вашиот телефон” – вели Петрушевска.

На дебата “Стоп Булинг”, ресорниот министер наместо да каже кои конкретни мерки ќе ги преземе за безбедноста на младите во училштата но и надвор од нив, вината за нивното однесување ја префрли на родителите.

Ташната е место каде што треба да стојат книгите и тетратките,но другиот материјал за во ташната кога детето излегува од дома оди во училиште и се враќа…која е одговорноста на родителот да види што има во таа ташна” – вели Јетон Шаќирки министер за образование и наука.

Според психолозите, државата доцни со безбедносните мерки. Професорката Фрицханд смета дека состаноците на родителите и наставниците треба да се случуваат во континуитет и да се разговара за потребите на учениците, а не само кога ќе има немили настани.

За да се спречат трагедии како таа во Србија, професорката Фрицханд вели дека родителите треба будно да го следат однесувањето на децата и секојдневно барем квалитетни 15 минути отворено да разговараат уште од најрана возраст.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста