Наместо одговорност, лажниот лекар од Вевчани ги довршувал студиите по медицина!?

И после осум месец од откривање на скандалот со вевчанскиот лажен лекар кој што со спорна диплома 6 години ги лекувал вевчанци, органите на прогонот наместо да го расветлат, сеуште работат на случајот. Последно уште во месец ноември лани од полицијата информираа дека ги комплетирале потребните докази и оти понатамошните насоки треба да ги даде јавното обвинителство. За тоа до каде е случајот со 33 годишниот лажен лекар кој се товари за три кривични дела: фалсификување исправа,измама и надрилекарство,се обративме до Основното јавно обвинителство.

”Предметите за кои покажувате интерес, а кои се однесуваат на сомненија за злоупотреби во Здравствениот дом во Вевчани, беа оформени врз основа на детални проверки и целосни испитувања направени од ОЈО Струга.Надлежен јавен обвинител интензивно постапува во насока на обезбедување на сите потребни докази, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката”, велат од ОЈО.

Во меѓувреме, јавноста  шпекулира дека лажниот лекар од штипскиот универзитет “Гоце Делчев” каде што студирал, се префрлил на еден од приватните универзитети да го дозаврши медицинскиот факултет. И додека се чека обвителството да постапи, се огласи пензионираниот просветен испектор Ѓорѓи Илиевски.

“Несфатливо е ова, но сфатливо за еден ваков систем кој што не ни е фунционален,не ни функционираат институциите на системот.Тој може да се запиши каде сака, но тој го направил прекршокот и за него треба да се покренат други постапки, тоа е образовен криминал кој не смее да се истолерира. А исто така и лекарската комора, зошто се молчи зошто не го креваат гласот да има еден аларм затоа што ова е лоша практика” вели Илиевски.

Основнот јавно обвинителство оформи уште два други предмети.Едниот се однесуваше на директорот на Здравствениот дом Вевчани, за кого како што беше наведено во нивното соопштение – има индиции дека од 2019-та имал определени сознанија дека лицето кое се претставувало како доктор не поседува лиценца за работа,за што бил писмено известен од Лекарската комора. На тапет беше и Комисијата за селекција при вработување која во 2019-та одобрила вработување на две други докторки,најпрвин како приправници, иако немале лиценца за работа. ОЈО допрва ќе одлучува дали директорот и тројцата членови на Комисијата за селекција при вработување ќе ги товари за несовесно работење и злоупотреба на службена положба и овластување. 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста