Наместо награден, казнет возач на ИМП во Свети Николе – не се придржувал до протоколите

Казнет, наместо награден. На возачот во Итната медицинска помош во Свети Николе, Јовица Радевски  со 37години стаж наредните три месеци за 5% ќе му биде намален платата, затоа што дисциплинската комисија утврдила дека не носел заштитна опрема при транспорт на пациент со Ковид.  Радевски тврди дека неоправдано е казнет . Според протоколите, доколку возачкиот дел е одвоен од пациентот , како што било и во случајот, доволно е да се носи маска и да се држи растојание. Објаснува дека нема логика сам да се изложува на опасност, затоа што дома има лице со хронични болести.

“Неправедно во време на пандемија. Ние повеќе време поминуваме на работа, отколку дома. Работиме по 12, 24часа . двајца колеги заминаа во карантин и наместо да бидеме наградени, ние сме казнети” –  вели Јовица Радевски-шофер во ИМП-Свети Николе.

Радевски за својот проблем го известил градоначалникот,народниот правобранител, а поднел и преставка до Управниот одбор на здравствениот дом. Ги повика инспекторите да утврдат дали е вистина дека негови колеги со симптоми биле повикани на работа, поради што од вирусот заболеле три медицински сестри една докторка..

“Ако некој треба да сноси одговорност тогаш тоа е директорката. Таа дозволи вработени со Ковид да се вратат на работа и да ја шират заразата . Тврдам дека кога беа вратени беа позитивни и уште се водат како позитивни” – изјави Радевски.

Случајот е јасен и е постапено согласно законот категорично  одговори директорката на ЗДравствениот дом Славица Паневска, која веднаш го исклучи телефонот без да ни даде можност да ја прашаме дали е вистина дека вработени со симптоми побвторно биле вратени на работа.

Радевски се жали дека и други негови колеги се жртви на мобинг од страна на директорката. Па поради тоа  организираа и неколкудневни протести пред Здравствениот дом. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста