Наместо за минимална, да се зборува за плата за живот – Барање на активисти за работнички права

Во време на двоцифрена инфлација, не смее да се зборува за минимална, туку треба да се фокусираме на плата за живот, порачаа штипските активисти за работнички права. Според нив минималната плата за која се борат синдикатите не е доволна ниту за плаќање на редовните комунални давачки, бидејќи со неа се покрива само 29% од реалните потреби.  Последните статистички податоци покажуваат, дека лани за живот на четиричлено семејство биле потребни 52.000денари.

„Ако лани 52.000 денари биле плата за живот, оваа година со целата оваа инфлација колку би требало да биде? Тоа би требало да биде еден приход што би требало да влегува во едно четиричлено семејство , за двајца возрасни и две деца„– праша Кристина Ампева, од Гласен текстилец.

Согласно меѓународните критериуми, пресметката на плата за живот треба да ги покрива основните потреби на работниците и нивните семејства, како храна, облека, комунални услуги, образование, здравство, култура, вклучувајќи и заштеда до 10% од платата. Токму и под мотото„ Плата за нормален живот„ од утре започнува шестата по ред манифестација „Текстилијада„. Предвидени се дебати на кои работодавачи, министри и невладиниот сектор ќе барат начин како да се подобри животот на работникот.  

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста