Наместо да одговори на прашања, Бектеши вербално ги нападна новинарите – ААВМУ со осуда за однесувањето на министерот

Дрскост, нетранспарентост , навреди наместо одговори . Власта продолжува во свој стил да одговора со напад кон новинарите ако постават прашање што не им се допаѓа. Најново, Министерот за економија Крешник Бектеши , во свој стил на легитимно новинарско прашања од јавен интерес наместо конкретни одговори на прашањата поврзани околу цената и начинот на набавката на природен гас ги нападна новинарите дека меѓусебно се договарале и поставувале едни те исти прашања.

Дали ЕСМ избрза со потпишувањето договор за месец февруари за набавка на природен гас по фиксна цена од 98 евра за мегават час, во време кога цените на берзите паѓаат и во моментов се движат околу 60 евра, праша новинарката Катерина Капковска на прес- конференцијата во Владата.

Добра соработка невероватно имате со колегите. Значи, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават, одговори Бектеши на прашањето .

Бектеши не застана тука . Тој се најде во улога на сопственик на прес – центарот па им кажа на новинарите дека не биле таму за да коментираат, туку само за да прашувале.

На дрскиот однос од Министерот реагираа од Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги дека носителите на јавни функции мора да се воздржат од етикетирање.

Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура.  Агенцијата повторно апелира дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на медиумските работници, реагираат од АВМУ

Односот на Бектеши е притисок новинарите да не поставуваат прашања кои се важни за јавноста, реагираат од Македонската медумска асоцијација и побараа на медиумите ад им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување.

ММА смета дека ваквото однесување на Министерот Крешник Бектеши  е притисок  новинарите да не поставуваат прашања важни за јавноста, но и навреда и клевета  кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста.

Реакција со осуда за однесувањето на Бектеши стигна и од Здружението на новинари на Македонија и од Советот на етика за медиуми.

Ова не е прв пат Министерот за економија да реагира бурно на поставено прашање кое не му се допаѓа. Во минатото му беше тешко бидејќи  секој ден одговарал на исти прашања

„Вака сега, мислам дека секој ден треба да одговараме на исти прашања“, рече Бектеши на 15.10.2022

Етикерањата на власта кон медиумите не е новина за владините челници. Пред нецел месец првиот човек на Владата директно ги навреди телевизиите Алфа и Телма

-Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на компанија која тргува со енергенси, а има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации, изјави Ковачевски.

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети пак овие две телевизии беа антиалбански.

-Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. “, порача Ахмети на 15.01.2023

И покрај тоа што постојано новинарските здруженија, а и Европската Унија го осудува односнот кон новинарите и тоа што се загрозува слободата на говор , власта никако да ја научи лекцијата и си продолжува по свој терк. Ако не им се допаѓа прашање – нападот е најдобра одбрана.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста