Наместо да најдат решение властите ги оставија на цедило, нема да се откупи оризот за стоковите резерви

Оризот нема да се откупува за стоковните резерви, а со тоа пропадна сета надеж на оризопроизводителите да ја спасат културата од којашто со децении егзистираат.  Агенцијата за стоковни резерви нема обезбедено пари  за купување на ориз и негово чување,па поради тоа  Владата уште во јули дала мислење Законот со кој оризот ќе се отупува за стоковните резерви, да не се донесе.

 Овој документ само го потврдува лицемерието на власта кон оризопроизводителите, велат членовите на Иницијативниот одбор за спас на оваа култура, кој пред неколку дена случајно дошле до овој документ. . Ова покажува дека на сите официјални средби со министерот и со државниот секретар на кои се ветуваше дека прават напори оризот  се откупува за стоковните резерви биле само манипулација и потрошено време.

  „Овој документ што го имаме кај мене, односно мислењето е од 20јули. Значи тоа мислење е дадено уште пред да ги имаме средбите со државниот секретар Трајан Димовскии со министерот за земјоделие. Значи ние цело време сме биле манипулирани во однос на нашето барање, бидејќи они предвреме имале мислење за нашиот ориз, за тоа како ќе се одвива„вели Тони Максимов, од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството во Облешево.  

Оризот да се откупува за стоковни резерви беше едно од барањата кои во неколку наврати оризопроизводителите му ги доставија на министерот за земјоделие Николовски. Ова за нив ќе значеше достојно вреднување на трудот.

    „Ќе имавме сигурен откупу,сигурна цена. Ќе влезевме во производство со загарантирана цена со која после тоа ќе имавме и добивка. Тој предлог за оризопроизводителите беше спас, но и за младите кои се во се помал број да останат и да го зачуват тоа традиционално производство на ориз„-изјави Тони Максимов

Правдањето на власта дека немат обезбедено средства за откуп на ориз и негово чување и складирање за ориопроизводителите е неприфатливо. Според нив надлежните и имале можност да најдат решение. Наместо да се откупува српска пченица по цена од околу 27денари по килограм, подобро би било стоковните резерви да се наполнат со македонска, а  остатокот од средствата да се пренасочат во помош на други култури. Овој документ, велат ќе го излепат по цела општина, за следниот пат кога ќе им се ветува дека се прават напори оризот да се откупува за стоковните резерви, земјоделците да бидат подготвени.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста