Намален водостојот на Охридското и Дојранското езеро

По два сантиметра е намален водостојот на Охридското и Дојранското Езеро, а нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисок од просечниот, додека нивоата на Охриското и Преспанското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек и тоа а еден сантиметар кај Охридското и за 83 сантиметри кај Преспанското.

Намалување на водостојот во однос на вчера е регистриран и кај повеќето реки во земјава. (МИА)

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста