Надлежните упорно тврдат – се било законски во изградбата на коридорите 8 и 10д

Се е по закон, проектот е историски – надлежните упорно, како на филмска лента даваат еден те исти одговори за прашањата за изборот на спорната тројка која го сочинува козорциумот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 д.

Системот за јавни набавки на кој се повикува директорот на ЈП Јавни патишта , не нашол ништо спорно за да даде негативна референца за било која од фирмите да го добие тендерот . Практично, системот не проверува дали е осудувано лице чија фирма учествува во тендер, а  за да добие една фирма позитивна оценка во, правното лице треба да поднесе само документи од централен регистар за стечај, ликвидација или за забрана за вршење дејност.

 Физичкото лице пак покрај документите за фирмата треба да поднесе и документ од суд за неосудуван, но дупката во законот е тоа што доколку е странско лице дозволено е да помине со изјава на нотар под оправдание дека во неговата држава немало орган кој може да го издаде документот.

Веројатно, на овој начин и се случува во понудата од конзорциумот ИРД во кој во две од три фирми е вмешано лицето Бранимир Димитриевиќ, баран со меѓународна потерница од Ерменија,  нема документ од суд,  нешто што пак е поднесено од компаниите кои се одбиени.  

Ова, за надлежните очигледно не е ништо спорно за да го потпишат договорот.  Оправданието за спорната трета фирма Електра солутион која претходно беше одбиена од Владата , не било поради забележан руски капитал туку зашто не поднеле банкарска гаранција на време. Сега и за оваа фирма – се е по закон.

Едни од  најскапите коридори во регионот и најскапи кај нас од 1.3 милијарди веројатно ќе чинат уште и поскапо

 За коридорите уште нема финален проект. Истовремено ќе се гради и проектира што значи дека конечна сума ќе добиеме на крај на проект на изграба. ИЗносот од 1.3 милијарда бил добиен по физибилити студија. Исто така предвиден е Буџет од 238 милиони за експропријација, ама  и оваа сума не е фиксна, ќе се знае дури откако ќе заврши колку пари ќе се потрошат,.

Според министерот за транспорт Благој Бочварски, првпат се воведува нова пракса со проектирање и изведба, а клучно е да се затворат коридорите.

Најскапата делница е Гостивар – Букојчани  зашто била и најкомплицирана . Според првичните пресметки таа  ќе чини 560 милиони евра,.

ДЕЛНИЦА                                                                 СУМА ПО КИЛОМЕТАР

ТЕТОВО – ГОСТИВАР                                                 7.1 МИЛИОН ЕВРА

ГОСТИВАР- БУКОЈЧАНИ                                           18.5 МИЛИОН ЕВРА

Требеништа – Струга – Ќафасан               16.6 МИЛИОН ЕВРА

ПРИЛЕП – БИТОЛА                                          6.6 МИЛИОН ЕВРА                 

За спорноста на договорот за надзор, предмет отвори и Антикорупциска. Надлежните се убедени дека нема да има нерегуларности и ова не е причина да ја стопираат постапката.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста