Надлежните остануваат глуви на барањата на матичните лекари

Заврши тридневниот протест на матичните лекари, но без никаков резултат. Барањата кои се провлекуваат со години останаа неисполнети. Министерот за здравство дури не се ни одважил да ги прими и да разговара со нив.

Следните чекори се уште се утврдуваат, но лекарите велат дека ќе направат се да го добијат она што им следува без да бидат оштетени пациентите.

Овие барања се пред 6,7 години со некои мали измени. Значи ние поминавме, односно јас од кога сум во тие води ова е петиот министер. Главното барање за докторите е покачување на капитацискиот бод. Бидејки трошковите и се е енромно зголемено, изјави Др. Мевлудин Куч

Матичните лекари бараат зголемување на капитацискиот бод. Според договорите што приватните лекари ги имаат со Фондот за здравство, за секој пациент сега добиваат по 63 денари месечно, а нивното барање е оваа сума да се зголеми над 90 денари. Како и општите лекари, така и стоматолозите и гинеколозите бараат зголемување на коефициентот. Други барања се  електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години.

Сите барања одат во прилог на пациентите, велат лекарите кои што се благодарни за поддршката што ја добиваат од пациентите.

Само да им се заблагодарам на пациентите за нивната трпеливост и разбирање затоа што овие три дена стварно ги сфатија озбилно и не правеа никакви проблеми. Немавме никакви инциденти и уште еднаш им се заблагодарувам, изјави Др. Мевлудин Куч

Лекарите протестираа три дена во кои не издаваа рецепти и упати и примаа само итни случаи. Велат дека протестот се прекинува за да не се оштетат пациентите , дека не сакаат да се случи и кај нас сценариото од Словенија каде се протестираше 7 дена и беше блокиран цел здравствен систем.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста