Надлежните кријат кој ќе ја прекројува историјата во македонските учебници

Министерството за образование и наука ги крие луѓето кој ќе го менуваат учебникот по историја за 7 одделение кој го опфаќа средниот век. Во прашање на Алфа, за тоа, кој членува во комисијата која треба да направи ревизија, оттаму ни одговорија само кој може да членува, без да прецизираат личности.

– „Во Законот за учебници во основното и средното образование е прецизно наведено кој може да биде член на Комисијата“ – Стои во одговорот од Министерство за образование и наука.

Од образование ќе ја проверуваат содржината на учебникот по Историја бидејќи во него пишувало факти кои не соодвествувале со научната реалност. Тие до тој заклучок стигнале поради повеќе претставки доставени на нивна адреса, па министерот решил да формира Комисија која ќе ги анализира лекциите и ќе утврди кои се тие неточни податоци и информации.

Покрај одговори за тоа кој членува, Алфа побара и информации за тоа која е експертизата на членовите, колку претставки стигнале до министерството, од кого се доставени, како и за кои содржини се однесуваат.
Од министерството не ги откриваат овие информации. Оттаму само накратко велат дека пристигнале повеќе прставки од релеватни лица, за неколку дела во учебникот како и предговорот, притоа, и покрај дирекните пршања на Алфа, не појаснуваат ниту кои се релеватните лица, ниту колку претставки пристигнале, ниту пак за кои соддржини од учебникот, па по се изгледа дека за тоа што ќе учат македонските основци по историја, јавноста веројатно ќе дознае откако измените ќе случат.

Ова не е прв пат учебникот по историја за седмо одделение кој го опфаќа средниот век да биде ставен на маса и да се зборува за негови измени.

Македонија до учебната 2024/25 година ќе мора да ги отстрани деловите кои му сметат на нашиот источниот сосед, а за кои мешовитата историска комисија веќе постигна договор.

Лекциите за Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија, положбата на Македонците во Бугарија, Антифашистичкиот отпор, Балканските војни и историските факти кои се однесуваат на Цар Самоил се само мал дел од она што Македонија ќе треба да го промени во учебниците по Историја за седмоодоленците согласно протоколот кој го потпишавме со Бугарија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста