Мучето прва жртва за Бугарија: Заев како градоначалник уште пред десетина години го избриша бугрскиот куршум од неговата спомен плоча

Место- Струмица, период- пред околу десетина години, на позиција градоначалник- Зоран Заев. Токму во тој период, можеби беше направено првото удовулување на бугарските барања, уцени и условувања, во 21-от век. Во период кога поранешниот премиер шефуваше во оваа општина од споменикот на народниот херој Благој Јанков Мучето избиришан беше делот каде се потенцира дека тој бил убиен од бугарскиот фашистички окупатор.

Првата историска жртва во однос на спорот со Бугарија, Македонија можеби ја стори токму тука во Струмица, во период кога прв човек на овој град беше Зоран Заев, пример за тоа е спомен плоча на Благој Јанков Мучето, од каде што избришан делот бугарски куршум. Дел кој што укажува дека Македонија во Втората светска војна се борела против бугарскиот фашистички окупатор историски факт кој што денеска официјална Софија не сака да го признае. 0085

Со овој подвиг во интервју за БТВ се фалеше и самиот Зоран Заев.

-Во Струмица имаше една плоча, на која што пишуваше тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избришано и напишано од фашистички куршум, на пример уште многу години пред договорот да биде, во Струмица. (Вие го направивте тоа пред неколку години, додека бевте градоначалник на градот?) Да, додека бев градоначалник на Струмица, се пофали Заев.

Не е само Мучето, еден од оние активните во времето на Втората светска војна, за кои во Струмица по се изгледа не се води грижа. Тука го имаме и Антон Панов, по кого е именуван културниот центар во овој град.

Овој драмски писател е автор на едно од најубавите театарски дела во македонската историја „Печалбари“. Која според пишувањата на историчарот Бранимир Светозаревиќ, Антон Панов одбил да ја продаде на непознат човек, веројатно близок до Ванчо Михајлов, иако му биле понудени 300.000 долари во 1946-тата година. Според пишувањата Панов на таа понуда одговорил: „Ни по која цена. Не се продавам за никого, мојата пиеса „Печалбари“ нема цена!“

Тој не прифаќал ниту да биде преведана на бугарски јазик, но откако тоа било сторено, кажал добро е барем да се види дека говориме различни јазици, нешто што од денешна гледна точка е спорно Бугарија.

Еден вид мини депонија, споменик на кој што му фали буква, уметничка галерија на која што и фалат букви. Ова е сликата пред културниот центар Антон Панов во Струмица, на плоштадот во овој град. Очигледно на овој културен центар му е потребна поголема грижа од општинските власти.

При нашата посета на Струмица, немавме можност за состојбите во овој град да разговараме со градоначалникот Костадин Костадинов.

Околу сите актуелни случувања во Општина Струмица и планирани проекти, сакавме да поразговараме со првиот човек на овој град Костадин Костадинов, но за жал немаме среќа, тој бил на службено патување во Србија.

Инаку, кога сме кај Благој Јанков Мучето, тој на 14-ти јули 1944-та година бил предаден од домашни предавници, а потоа убиен од буарската фашистичка полиција во центарот на Струмица.

Новинар: Матеја Петровски

Снимател: Дејан Младеновски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста