Муцунски за изработката на ДУП за Лисиче: Кампања за ширење лажни вести дезинформации

Социјал демократите го вперија прстот во себе, обвинувајки за детален урбанистички план за кој постпката започнала додека со општината раководеле тие – Вели градоначалникот Тимчо Муцунски, кого СДСМ го обвини за сомнителна бетонизација во населбата Лисиче. Општината веднаш ги демантираше овие обвинувања дека 1000 метри квадратни во наслеба Лисиче ќе станат згради на нетранспарентен начин.

  • „Тие бараат одговорност за документ чија изработка е иницирана и усвоена во период кога со општина Аеродром и со советот раководат кадрите на оваа политичка партија. Прстотот на одговорност несакајќи или без да знаат го вперија токму во кадри кои доаѓаат од нивни редови. Но ние сме поразлични од нив.“ – Истакна градоначалникот.

Од СДСМ бараат комисијата за спречување корпуција да отвори предмет.

  • „Парцелите каде се предвидени маркичките за градба се претходно купени од страна на градежни инвеститори, што отвара сомнеж, дека тие можеби знаеле каде ќе се градат згради, па затоа, купиле парцели од над 1000 метри квадратни. Затоа, државната комисија за спречување корупција мора да го истражи овој случај до крај.“ – Истакна потпретседателот на СДСМ, Дарко Каевски.

Муцунски пак е дециден. Не се издржани обвинувања од партија која е школски пример за коруцпција.

  • „Сомнеж за коруптивно постапување ќе имаше доколку со овој ДУП општината предвидеше можност за продажба на земјиште на мојата сопруга по цена од 70 денари метар квадратен, за изградба на фото-волтаици по примерот на лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски. Сомнеж за корупција ќе беше доколку со овој ДУП општината предвидеше маркици за хотел со 5 ѕвездички, за мојата мајка, како што тоа го направи, согласно информации од медиумите, потретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.“ – Изјави градоначалникот.

Муцунски вели дека се залага за повеќе зеленило од згради, како и за решавање на проблемите на граѓаните, а не на инвеститорите. Спорниот дел на Лисиче и проектот за истиот, е на иницијатива на тамошните аеродромци, како што рече тој, и во моментот процедурата е во општинската комисија за урбанизам. Во зависност од расположението на граѓаните изразено преку анкети, ќе се утврди и конечната судбина на овој дел од Лисиче.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста