Музејот на Македонија во лоша состојба – покривот прокиснува

Поради оштетување и прокиснување на покривот, повлечена е галеријата на икони од Музејот на Македонија, потврдуваат за Алфа од националната установа. Симболот на Музејот, кој претставуваше јадро од најстарите, најтипичните и најрепрезентативните примери на средновекавката уметност, биле на сигурно, односно сместени во депо, и таму ќе останат додека не се создадат добри услови за тие да се изложат.

Станува збор за иконата на Св. Богородица Одигитрија, насликана во првата половина на XIV век, иконата на Исус Христос Спасител и Живодавец, од 1394 година, познатата икона на Св. Богородица Пелагонитиса, од 1422 година.

Ова е уште една од низата културни институции кои имаат проблем со временските услови. Директорот на Музејот на Македонија за Алфа рече дека проблемот ќе биде наминат, но дури следната година отако ќе се реновира.

Разговаравме со дирекоторот на Музејот на Македонија, Илија Цурев, кој не прими во неговата канцеларија, но не сакаше да даде изјава пред камера. Сепак, испрати писмен став до Алфа, во кој пишува дека била започната постапка за репшавање на овој проблем.

  • Со оглед на тоа што музејот е во процес на комплетна реконструкција која ќе започне во 2023 година, почнати се припремите на прибирање и обезбедување на музејските предмети кои се изложени на вториот спрат. Заради тоа што музејот е со голема квадратура, работите ќе започнат со одредени приоритети и распоред, за да не се доведе во ситуација на комплетно затворање, односно во одредени периоди при реконструкцијата, делови од зградата ќе бидат затворени, велат за Алфа од Националната установа Музеј на Македонија.

Сега посетителите имаат можност да видат само еден дел од изложените дела, но само на првиот кат, зашто влезот од вториот кат е привремено затворен, поради оштетените простории. Претходно, на социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои се гледаат оштетените простории кои се затворени за јавноста.

Инаку во вчерашниот прилог посветен на Музејот на Македонија беше направена ненамерна грешка и во дел од материјалот беа искористени снимки од Музејот на современа уметност – Скопје, меѓу кои и уметничката инсталација „Скршено стакло“ на уметникот Дритон Селмани. Алфа се извинува на институцијата за направениот превид.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста