Муареми ќе поднесе кривична против обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифовска

Првиот човек на Управата за Финансиска полиција ќе им поднесе кривична пријава на Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификуње службена исправа. Арафат Муареми по 10-тина дена откако истражителите на Вилма Рускоска ја тресеа управата вели се било исценирано со една намера -деградирање и рушење на угледот на финансиската полиција и лично него како директор. Вилма Русковска, без да има ниту еден доказ, до судот, а и во јавноста ме обвинува дека сум сторил кривично дело, тврди директорот на Управата.

Нашата постапка пред надлежните институции ќе продолжи преку сите законски права и можности. Не смее ВИЛМА РУСКОСКА да ги руши државните институции, да создава јавен впечаток дека Финансиска Полиција е корумпирана и не работи според закон, а истовремено да смета дека никој не смее да ја контролира и оценува нејзината работа вели Муареми.

Муареми тврди дека претресот на ОЈОГОКК бил неправен незаконски, со низа нерегуларности. Обвинителството на Русковска во барањето за претрес до скопскиот Кривичен суд навеле дека имаат основано сомнение дека Муареми примал награда и противзаконито влијаел за што имаат и докази, кои пак според директорот на Финансовата не постојат.

Така да повторно со лажни и невистинити податоци изнесени во јавноста креира мислење во јавноста дека Управата за финансиска полиција не соработува. Немој да мислите дека Вилма Русковска не го знаела ова. Сето ова што го збориме и го наведувам како незаконитост, Вилма Русковска многу добро го знае. И СВЕСНО ГО ПРАВИ СЕТО ОВА. Од позиција на моќ, злоупотребувајќи ја својата функција, ова што Вилма Русковска го направи не е нешто ново, ова не е исклучок. Ова е патерн на нејзино однесување и делување. Кршење на закони, злоупотреби, закани … ќе се сетите на пораката на судијата дека ќе го истресе од гаќи и сл додава Муареми.

Муареми тврди дека Обвинителството на Рускоска експресно постапиле со само еден лист хартија , а други предмети со силни докази се чуваат со години во фиоки. Тој не заборави да потсети дека државниот јавен обвинител Јовески застана на негова страна односно по увидот утврдија дека Луѓето на Вилма Рускоска криеле информации, ја прекршиле постапката, делувале без доставен доказ и постапувале без надлежност. Освен до јавното обвинителство, Муареми поднесе претставки и до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет за да се провери работата на Обвинителството на Русковска.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста