МПЦ-ОА започна процес на обединување со ПОА

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ќе се обедини со православната Охридска Архископија на Јован Вранишковски. Синдот на МПЦ-ОА едногласно одлучи да започне интеграцијата, но деталите ќе бидат соопштени кога процесот ќе заврши.

  • Бидејќи одлуките се носеа воглавно одногласно, денеска започна процесот за интеграција на ПОА во Македонската православна црква. Донесени се неколку одлуки, се уште не можеме да ги споделиме со севкупната јавноста, како македонската така и другите, бидејќи истите треба да ги усогласиме и со Српската православна црква. Па потоа ќе бидите информирани и вие“ вели владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ-ОА.  

Врвот на Српската православна црква според најавите треба да се состане на средината на едниот месец.

Засега не се открива како ќе бидат организирани епархиите на МПЦ-ОА и колку би добиле владиците на ПОА.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија на територијата на Македонија сега е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата, а четири во дијаспората.

Од Синодот се децидни дека официјалното име на Македонска православна црква – Охридска архиепископија останува и нема да се менува.

  • Ние ќе се викаме како што викаме“ вели владиката Тимотеј.

По 55-годишен раскол, двете цркви, македонската и српската, за првомајските празници лани ги возобновија разговорите далеку од очите на јавноста. Српската православна црква ѝ додели статус на целосна автокефалност на Македонската православна црква-Охридска архиепископија само две недели по заедничката литургија во Скопје на големиот христијански празник Св.Кирил и Методиј.

Откако МПЦ-ОА стана дел од канонското единство, на 12-јуни, македонските владици богослужеа и со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста