Мојсовска Блажевски: Моментално Македонија не е привлечна за странските инвеститори

Во политичкиот магазин, ЗА или ПРОТИВ, Никица Мојсовска Блажевски од Македонија 2025, рече дека моментално државава не е атрактивна за странци да инвестираат кај нас, сепак посочи таа со добар план сето тоа може да се промени.

Најпрво морам да кажам дека за жал не сме привлечни, мислам дека и пак ќе повторам, колку и да ни изгледаше скапо да имаме рекалми на CNN итн. сепак мислам дека во тој период се направи одреден чекор напред. Иако тие години не бев со организацијата, меѓутоа од она што можам да го видам, многу документи, преписки итн, Македонија 2025 навистина била вклучена во процесот на привлекување на странски инвеститори и тоа на квалитетни странски инвеститори. Првите инвестиции практично се направени со контакти од нашата дијаспора. Меѓутоа не можам да кажам дека е изгубена битка, јас пак ќе кажам дека мислам дека е најправилно да се таргетира, значи точно да знаеме кои индустрии ги таргетираме, дури и кои компании ги таргетираме, и во тој случај мислам дека со одреден напор, план и добро извршување дека можеме да ги тие инвестицитори. Меѓутоа зошто ни се битни странските инвестиции покрај домашните, бидејќи голема промена во структурата на економијата,можеме да направиме со странски инвестиции. Значи домашните компании треба да ги стимулираме, треба да има мерки и инструменти, дали се тоа за дигиталализација, зголемување на додадена вредност,за извоз и конкурентност, меѓутоа големи структурни промени можеме да направиме и со странските инвестиции, вели Мојсовска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста