МОН: Граѓаните да пријавуваат насилство во училиштата, институциите постапуваат по секоја пријава 

Mинистерството за образование и наука соопшти дека подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство.

Oснова на процесот се заклучоците кои произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба.

По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница. Во меѓувреме секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за одржувањето на мирот и безбедноста во училиштата и во градењето на средина во која учениците ќе бидат фокусирани едниствено на стекнување знаења и вештини, а насилството нема да биде тема.

Паралелно МОН го продолжува процесот на консултации, со вклучување на повеќе општествени чинители кои можат да помогнат во креирањето на сеопфатни протоколи за подигнување на безбедноста во училиштата и прирачници за постапување во случај на детекција на меѓуврсничко насилство.

На елерктронските адреси досега пристигнати се 20тина пораки, од кои дел се од поранешни професори во форма на сугестии за тоа како да се спречи насилството во учлиштата, а има и пријави од ученици кои претрпеле одредена форма на насилство, за што надлежен за постапување е Државниот просветен инспекторат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста