„Монархот“ Ковачевски без избори и без легитимитет од народот го менува ликот на Македонија

Македонија наликува на монархија, сметаат дел од експретите, оти Ковачевски ниту учествувал на избори, ниту пак победил, а седна на главното столче во државата, премиерот

 носи огромни одлуки за државата, а граѓаните никогаш не ни гласаа за него. Дали Ковачевски има легитимитет да менува Устав, да ги вметнува бугарите во него, да преговара за бришење на формулацијата 20%, неговата владата да поптишува договори вреди милијарди евра за авотпати чија содржина не се објавува, да менува цели учебни програми, да брише и додава предмети во школите? Дел од експертите согласни, моќ има, но легитимитет не.

Универзитетскиот професор Јанкуловски за Алфа вели дека владата живее во филмот дека големите лидери носат големи одлуки, таков бил и Заев, таков најверојатно е и Ковачевски, а со нивните одлуки веќе 6 години не се согласува народот.

  • Во Македонија во основа, не паметам дека политичарите покажале или имале малку срам за она што го прават и она што го направија досега, така што Македонија ги живее и ги преживува бесрамните политичари меѓу кои и сегашниот премиер. Тоа доаѓа од една филозофија на неодговорност за постапките кои ги превземаат и штетите кои и ги прават на државата. Тоа беше и во минатото тоа е и сега, меѓутоа сега ја живееме Македонија без срам“вели Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор..

Јанкуловски посочува дека средбите со граѓани и собирите кои сега ги форсира Ковачевски всушност се само обид премиерот и неговите соработници да се покажат во друго светло.

  • Народот очигледно не е со нив, не беше ни со референдумот за промена на името, не беше ни со договорот за добрососедство, не е ни сега за внесување на бугарите во Уставот, 80% од граѓаните на Македонија, она што се македонци, односно 60% од вкупниот број на граѓани се изјаснија негативно за внасувањето на бугарите во Уставот, така што народот очигледно не е со нив, но ова е обид да ја поправат својата што би рекол катастрофална ситуација во политичкиот спектрум во државата, во изборите кои ќе се случат дали порано дали во редовен термин, тоа е обид да најдат начин да, односно да се прикажат во поинакво светло од она кое го практукуваат досега, да не го прашуваат народот за ништо, одлуките да ги носат во име на народот. И да практицираат една филозофија на тоа дека они најдобро знаат што е добро за народот, зошто народот не е свесен што е добро за него. Премиерот тоа и го кажа дека они знаат што е добро за народот“ вели Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор.

Инаку Ковачевски седна на местото на Заев кон крајот на 2021 година откако поразот на локалните избори, тогашниот прв човек на Владата и на СДСМ си даде оставка. Ковачевски е директен избор на Заев и не е избран на непосредни избори.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста