Молк од МНР: Не откриваат кој ја подготвил скандалозна декларација за јазикот

МНР не открива кои луѓе ја спремиле и напишале скандалозната декларацијата за македонскиот јазик, која предизвика бура реакции во јавноста. Па се отвора прашањето кој го стокмил овој според документ. На ова прашање на Алфа од Министерството за надворешни работи се уште молк. А додека од МНР не откриваат кои ја направил, професорот и лингвист Јовица Темов, прашува каква врска до дијалектологијата и лингвистиката има доктор, што е професијата на Бујар Османи.

-Господине Османи, по професија сте доктор, по вокација- политичар, моментално министер во Владата на Република Македонија. Објаснете каква врска имате со лингвистика, конкретно со дијалектологија?! Дијалектологија е наука, како што е наука медицната, како што се политичките наука. Кога вие говорите за дијалектологија, тоа е исто како јас да дебатирам со Вас за анатомија или патологија или хирургија, вели Темов.

Против овој документ гласно почнаа да говорат сите македонисти. Професорката Елка Јачева Улчар во свое и во име на научните работници од МАНУ и други институции кои се занимаваат со македонскиот јазик, објасни зошто не смее оваа еднострана изјава да биде официјален став на Македонија.

-Според ова, посочувањето на временскиот и културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти, така што наведеното во Унилатералната изјава од македонска страна, дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик, вели Јачева Улчар.

За оваа проблематична декларација за Алфа говореше и професорката Александра Ѓуркова. Според неа пишаното дека македонскиот е јазик само на теротијата на Македонија е груб фалисификат на лингвистичките факти. Потенцира дека нашите дијалекти се простираат и надвор од државата.

-Првата работа за која што треба да се укаже е тоа дека посоченото во врска со тоа дека континуитетот на македонскиот јазик според напишаното во оваа изјава, дека тој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешната македонска држава. Сметам дека тоа е едно грубо фалсификување на лингвистичките факти, вели Ѓуркова.

Инаку, МНР не одговора ниту каков е ставот на Министерството околу големиот број реакции на македонстите и познавачите на оваа проблематика, но и на обичните граѓани за оваа спорна еднострана изјава на Министерството за надворешни работи.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста