Може само морално да ги опомене: Вицепремиерката Грковска нема друго „оружје“ против Груби и Османи

Опомена- единственото оружје во рацете на Грковска против колегите Османи и Груби. Ако само тоа го може вицепремиерката задолжена за политики за добро владењее, против лошите потези на своите колеги, за злоупотребата на службените возила во партиски цели, тогаш се поставува прашањето за што воопшто постои оваа позиција. Функционерите од ДУИ не добиваат никаква казна, туку само морална опомена. Вицепремиерката пред четири месеци побара објаснување од првиот вицепремиер за неговото однесување, а тоа не го добила ниту четири месеци подоцна.

-На Артан Груби му изрековме опомена. Ние изрековме опомена, значи нашиот пристап прво врз основа на аргументите да постапиме, не добивме објаснување изрековме опомена. Изрековме опомена исто така за министерот Бујар Османи, за министерот Нуредини, исто така. Би рекла некој морална опомена и укажување дека такви однесувања се недозволиви согласно етичкиот кодекс, изјави Грковска.

Вицепремиерката која е задолжена да го мониторира прекршувањето на етичкиот кодекс и при негово евентуално второ прекршување повторно нема некаква поголема моќ. Единствено што може е да констатира дека бил прекршен и само да го извести за тоа премиерот. Ја запрашавме дали ако Османи и Груби и втор пат го прекрши, дали ќе побара разрешување на овие двајца функциори, на што одговор не добивме.

-(Кажавте дека имате можност ако некој втор пат го прекрши да му кажате на премиерот, дали ако Бујар Османи втор пат го прекршат можеби би побарале и нивно разрешување од функциите?) Тоа што е моја обврска е доколку го прекшрат, веднаш да го информирам премиерот дека го прекршиле и дека не постапиле согласно првата опомена, а потоа е на премиерот да одлучи за каква мерка ќе се одлучи во втората фаза од постапката, изјави Грковска.

Грковска беше запрашана и околу обвинувањата дека Груби ја злоупотребил својата позиција, помагајќи им на свои блиски да дојдат до голем финансиски профит, на што таа одговори дека нема ингеренции во делот на евентуални прекршочни и кривични дела, туку само на прекршувањето на етичкиот кодекс.

Инаку, опозицијата објави дека фирамта Метролаб, основана од Ермир Имами, кој бил вработен кај Артан Груби, добила акредатица за врешње инспекција на мерила  за зафатнина и проток на нафтени деривати и течен гас.

Опозицијата објави и дека братот на првиот вицепремиер, Ветон Груби, дека во центарот на Скопје купил голем деловен објект, во моментите додека Груби е на позицијата прв вицепремиер.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста