Многу фалби за малку резултати – Владата на Ковачевски изгради само 13км нов пат

Според видеото кое го сподели Премиерот Димитар Ковачевски, Македонија има речиси совршена патна мрежа . Но , суштината е дека на листата за 1300 километри патишта Премиерот ги ставил рехабилитации на патишта, незавршени и непуштени во употреба.  Во време на мандатот на Ковачевски, нов е само експресниот пат Крупиште – Кочани  во должина од 13, 7 километри, кој лично сам го тестираше.

„ Од 1300 километри автопат, сликата на патната мрежа во Македонија е дупки, нерамнини и надежи за реализација на најавени проекти ….

Во видеото од Премиерот како завршени од Владата на СДСМ и ДУИ ги промовираше  патниот правец Градско – Плетвар во должина од 19 километри, Обиколницата на Куманово и она што е најинтересно автопатот Охрид – Кичево кој се гради речиси една деценија и ги проби сите рокови.  

Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Ковачевски започна да ги набројува 1300-те километри автопат. По одговорот на Премиерот можевме да забележиме дека во патната мрежа најмногу се вклучени рехабилитации, а и автопати кои не се ни пуштени во употреба како изградбата на патот за Сончев град, за што се потрошија околу 7 милиони евра за сечење на дел од шумата на Водно.

Власта постојано се фали дека  годината ја завршиле со рекордно ниво на реализација на капитални инвестиции , иако од предвидените 600 милиони евра едвај се рализираа 465 милиони . Дека Македонија е слепо црево на балканот по патна инфраструктура се гледа буквално на секоја точка .  Пример е автопатот Скопје – Блаце преку кој до Приштина ќе се стигнува за 45 минути, ама прашањето е кога ?

„Од Автопатот од Скопје кон Косово е завршено само промотивното видено . Веќе трета година се гради првата ,полесна делница од 2 километри“.

Во видеото од Ковачевски , како завршен се набројува и Градско – Плетвар Експресниот пат Градско – Прилеп веќе влезе во осма година на изведба , првиот рок за пуштање во употреба беше во 2022 , но беше пробиен. Она што е завршено е рехабилитацијата на патот од Фариш до Прилеп преку Плетвар што е само трета фаза од проектот .

Премиерот на листа ја стави и делницата Демир Капија – Смоквица, која точно е дека Владата на СДСМ ја пушти во употреба, ама ја изгради претходната власт. .Тоа не беше пречка владините функционери заедно со партиски членови , со блех музика оро и чочек да ја пуштат во употреба делницата од 28 километри.

Најдолг пат кој е  на листата од Ковачевски е автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип во должина од 47 километри и кој во употреба го поранешниот премиер Зоран Заев од редовите на СДСМ. Најмалиот е 300 метри Хотел Гранит – Пумпна станица.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста