Многу слабости во планот на МОН за онлајн настава кога има дојава за бомба – реагираат и родителите и учениците

Имате еден час да стигнете до дома и да се вклучите на онлајн настава – Министерството за образование смисли таканаречено решение за да се надоместат часовите кои се губат поради постојаните дојави за бомби.

По ова не стивнуваат реакциите од родителите и учениците. Поради тоа што не се изнајде начин да се реши проблемот, сега им создаваат дополнителни главоболки. Речиси е невозможно за еден час родителите да се ослободат од работа, да стигнат до училиштето на децата и да ги однесат дома за да се приклучат на настава. Повозрасните пак се соочуваат со друг проблем – нефункционалноста на јавниот превоз и недостиг на автобуси.

  • Од еден крај на градот до другиот не се стасува за еден час,а за тие што живеат во село за колку.На тој што му текнало да земе да измери со автомобил нема да стигне. Не па со автобус,  напиша граѓанин
  • Трчајќи или летајќи да стигнат до дома наставниците и учениците за 1саат за да бидат онлајн? Срамота , со месеци да не можат да се ,,решат бомбите

         –   За еден час тие не може до дома да стигнат затоа што нема автобуси редовно, зборувам за средношколците, а малите поточно оние до петто одделение и онака се премногу исплашени, пишуваат граѓани.

Ова е целосна капитулација на Министерството . Наместо да се најдат одговорните ние ќе седиме дома и ќе учиме онлајн , реагираат од Сојузот на средношколци. Од таму велат дека е добро што конечно нешто одлучило Министерството да направи, но ова не е решение.

Разликата во оваа ситуација и онаа во пандемијата беше што во пандемијата никој не можеше да контролира , односно имаше реална закана. Сега на некој начин ова е своевидна капитулација на Министерството бидејќи наместо да се осигураме дека училиштата ни се безбедни , место да се најдат одговорните, ние велиме ништо не можеме да направиме ако има дојава за бомба ние мора да седиме дома и да учиме онлајн – вели Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци.

Изгубените часови  се дополителен проблем за матурантите кои немаат нормална настава бидејќи треба да полагаат државна матура. Дури и тие е прашање дали ќе може да стигнат до дома поради недостигот на автобуси.

За мојата генерација која е родена 2004-та година за жал нема година од средното образование која не беше афектирана било дали од пандемија, било од штрајкови било од одјавите за бомби . За жал македонското образование беше и пред пандемијата неефективно . Не се средните училишта општински , со оглед на јавниот превоз не можат да стигнат дома – вели Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци.

И додека дојавите не престануваат, Властите сеуште немаат никакво решение. Премиерот се чуди како сеуште стигнувале дојави кога биле сменати е-маил адресите на училиштата кои се на еден сервер во МОН,  а според него ова било импакт од војната во Украина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста