Младите сакаат промени и просперитет, ама нема кој да ги чуе – државата го пушта „по вода“ сопственото население

Младите имаат желби за промени и просперитет, ама во сопствената држава нема кој да ги чуе, зашто институциите како да не постојат, алармираат од младинските организации кои мака мачат преку едукативни програми да ја задржат младината дома, но попусто. Велат дека државата мора да се разбуди и да биде поактивна за младите да препознаат партнер, да дадат поддршка за градење на квалитетни младински политики, а не секојдневно да гледаме како секој втор купува билет во еден правец.

  • Една од причиниоте е неотвореноста на институициите, меѓутоа самото тоа што ќе се креираат механизми, односно од самиот Закон како што се младински центри, младински совети, но едноставно институциите ќе ги увидат овие механизми, за да се направи конкретен чекор за напредок. Па затоа, од овој аспект, младите ретко се вклучуваат но имаат уште многу работа, вели за Алфа Оливер Андреевски, од управниот одбор на Младински совет на Македонија.

И додека младината си оди поради недовербата на институциите, проблем е и високата корупција, постојаната политичка нестабилност, желбата за подобар животен стандард, проблемите со образованието, здравството, како и немањето перспектива за сите. Најзагрижувачки е што си заминуваат младите високообразовани кадри, оставајќи ја земјава без развојни перспективи. Надлежните велат дека се работело, но многу слабо.

  • Треба повеќе да се направи во поглед на конретна вклученост. Институциите да се поажурни. Тие програми кои се нудат не се само за млади, туку и за другите делови на граѓанското општество, како медиумите, бизнис заедниците, стпанските комори, универзитетите. Треба повеќе да биде направено во поглед на свесноста кај младирте луѓе и како тие да имаат корист од тоа, вели меѓу другото за Алфа Крисела Хакај, извршен директор на Институтот за соработка и развој.

Земјава веќе неколку години нема стратегија за спречување на одливот на квалитетни кадри. Сепак, иако на сите им е јасно дека е потребно да се промени целото општество за да се спречи трендот на иселување, при што помалите градови остануваат празни, а секој втор млад човек сака да купи билет во еден правец.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста