Младите од Лозово ја чуваат традицијата: Му кажаа на светот како изгледа традиционална овчеполска свадба

Традицијата и обичаите, се еден од темелите на македонската нација. Презентирајќи ги пред светот, ние јасно и гласно говориме за нашиот идентитет. Оваа порака ја упатија основците од училиштето „Методи Митевски-Брицо„ во Лозово кои деновиве, се домаќини на нивни врсници од Бугарија, Романија, Турција,Шпанија и Португалија. Симулирајки традиционална овчеполска свадба со која беа опфатени сите адети, специфични за овој регион, гостите се запознаа со нашето културолошко богатство.

  „Во услови кога сите не негираат и кога се случува и ние самите да се негираме, односно поединци не негираат како нација , ние покажуваме дека ние сме посебна нација , дека сме Македонци кои имаат сопствена традиција, традиција и обичаи. И токму преку оваа овчеполска авадба сакаме тоа да му го покажеме на целиот светизјави Бошко Цветков, градоначалник на Лозово.

Целата церемонија се случуваше во овчеполското село Ѓуземелци кое плени со својата убавина и чистина. За жал останати се само стари луѓе. Речиси 15години овде не засвирел свадбарскиот тапан. За месното население ваквите настани имат важна порака, бидејќи добар дел од обичаите одамна се заборавени..

  „Треба да се зачуват. Ова ни е од старо време, традиција ни е, но за жал сега многу од младите ги изоставуваат„ вели Снежана Ангелова.

Освен обичаите, во дворот на една од постарите цркви во Овчеполието, Св.Ѓорѓи изградена во 16век, на гостите им беше презентирана и традиционалната македонска кујна.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста