Младите генерации го губат патриотското чувство

Она што како жесток пламен гореше во деведесетите, сега млако тлее и згаснува. Експертите и младите согласни. Новите генерации Македонци кои треба да го понесат товарот за иднината на нацијата го имаат изгубено чувствтото за патриотизам и љубов кон својот народ и татковина.

Социлогот Илија Ацевски вели дека најодговорен за тоа е образвниот систем, но, оти тоа е тешко изводливо во комплексно, мултиетничко општество, како нашето.

  • „Низ процесот на образование, ако не најдете ниту една соддржина, пристап кој ќе укаже и упати кон она што е љубов кон татковината, без разлика на етничката припадност, ако ги изгубите тие години, помеѓу 8 и 15, после тоа тешко се надокнадува“ – Вели социологот Илија Ацевски.

Во соседството многу повеќе се посветува внимание на патриотизмот во образовниот процес, како интонирање на химната пред почетокот на часовите и соодветни учебни соддржини. Ацевски решението го гледа во систесмки реформи. Државата мора да ги научи децата од најмала возраст што значи љубов кон татковината.

  • „Пред се, создавање на адекватни учебници, што ги немаме. Во еден учебник, името „Македонија“ се споменува само два/три пати, а се однесува на учебник за граѓанско и социологија.“ – Додава тој.

И младите согласни. Младинскиот активист Петар Мицкоски вели дека се повеќе млади немаат чувство за патриотизам и поради тоа уште во средно училиште иднината си ја гледаат надвор од Македонија.

  • „Тоа што ние живееме во дигитално време, во дигитално општество, младите се повеќе се бомбардирани со кампања на социјалните мрежи, дека да бидеш патриот не е добро, да бидеш патриот е заостанато и примитивно размислување. Патриотизмот е бележан како национализам и нешто лошо што треба да се искорени. Според мене тоа не е добро.“ – Вели младинскиот активист Петар Мицкоски.

Тој решението го гледа во поголема свест за тоа, што навистина значи патриотизмот, а не погрдната етикета која се шири на социјалните мрежи.

  • „Решенито е во поткревање на свеста кај младите, дека патриотизмот е добра работа и дека патриотизмот не е маана, туку дека патриотизмот е добра особина која треба да го има секој млад човек во оваа држава“. – Додава тој.

Патриотизмот по дефиниција означува позитивно чувство и љубов кон татковината, народот и нацијата. А големиот Македонец Христо Татрчев своевремено ќе каже дека „Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци“.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста