Мицкоски: Kако дојдовте до сума од 1,3 милијарди евра без изработен проект

Милијарда и триста милиони евра, а проект за трасата на автопатот не ни постои, обвинува лидерот на опозицијата Христијан Мицковски за изградбата на 110 километри автопати низ Македонија. Трасите на Коридорите 8 и Коридорот 10 не се ниту определени ниту означени, па оттука се поставува прашањето, како Владата дојде до таа сума кога ниту еден економски оператор не може да даде понуда без знае што и колку ќе гради.

Од каде предвидената сума се изпреговара  кога проект не постои. Прво доаѓа проектант го трасира патот, изготвува проект, потоа се дава на економски оператори за да дадат понуда, вели Мицкоски.

Лидерот на опозицијата предупредува и за изборот на надзор – вели Ептиса е со доминантен кинески капитал од 2016-та, па во Македонија за прв пат во историјата Кинези ќе ја проверуваат работата на Американци.

За првпат во светската историја кинези вршаѕ надзор на американска компанија, вели лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.


Инаку првиот обид за избор на надзор не беше успешен откако фирмата која беше избрана подоцна беше поврзана со руски бизнисмени, во вториот обид победи компанија која се поврзува со корупциски скандали. Ептиса, која е сега избрана од Владата беше ставена на своевидна црна листа – со одлука беше забрането да учествува на тендери вредни над еден милион евра, но сега и тоа се промени.

За новите автопатски делници не е почнат ниту процесот на експропријација на приватните имоти иако за тоа се предвидени дополнителни 300 милиони евра државни пари, но и оваа сума е спорна и не се знае колку ќе се искачи до крајот на процесот на градење зашто без утврдени траси не може да знае кои имоти ќе треба да бидат откупени.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста