Мицкоски: Ќе има кривична одговорност за експертите во групата, бидејќи ќе земат народни пари, а устави измени нема да има

Беспредметна ќе биде работната група за уставните измени и нема да сработи ништо – првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ со остри реакции по упорните најави од власта за нејзиниот состав и работа.  Мицкоски со порака дека еден ден ќе има кривична одговорност за експертите кои се во групата, бидејќи ќе земат народни пари, а нема да направат ништо – кога се знае дека промените нема да поминат во Собранието.

Очекувам одговорност бидејќи кога ќе дојде првиот чекор во парламентот а тоа е отпочнување на постапката и утврдување на потребата на отворање на Уставот да не успее. И тоа ќе биде уште една политика на Ковачевски која што не успеала, и потоа кривична одговорност за оние кои ќе земат хонорари од народот, а практично нема да сработат ништо бидејќи нивната работа е без предметна – рече Мицкоски.

А како изгледа работното тело кое ќе ја крои новата Преамбула во Уставот? Луѓе блиски до власта и ниту еден претставник  од македонските и албанските опозициски партии. Меѓу нив професори и поранешни судии чии ставови јасно покажуваат дека го поддржуваат владејачкото мнозинство.

Ана Чупеска професор на Правен факултет „Јустинијан Први”. Како политиколог јавно пропагираше во корист на промена на уставното име. Тврдеше дека географската одредница никако не го загрозувала идентитетот на Македонците. Еден месец пред Референдумот за името, Чупеска порача „мора да избереме иднина – гласам и за НАСА и за Илон Маск, квантна физика… Да не бидеме дупка во свет полн со предизвици“.

На ова остро рагираа и нејзини колеги:  

Онаа што ќе одеше у НАСА со Преспа стасала во Уставна комисија! Чудесии! Како бре не им е срам?! – напиша професорката Билјана Ванковска.

Дел од работната група е и Сали Мурати, кој стана претседател на Уставниот суд за време на владееењето на СДСМ и ДУИ.

Елена Михајлова – која што својата професорка кариера ја започна како асистентка на Љубомир Фрчковски, кој беше кандидат за претседател на Македонија од СДСМ, а  и министер за внатрешни работи. 

Поранешниот претседател на Уставен суд, Бранко Наумовски кој е татко на екс градоначалникот на О. Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Експертската работна група ќе ја сочинуваат иМаргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – професор по уставно право, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста