Мицкоски ја преврте масата: Со неговите барања добиваме гаранции за македонскиот идентет и дека Бугарија нема да не манипулира и уценува

Избори на есен или широка Влада за заштита на македонскиот идентитет и брза интеграција кон ЕУ, со уставни измени штом сите земји членки дадат амин за влез. Со овие понуди лидерот на опозицијата повторно ја преврте играта за Македонја да не настрада, сметаат познавачите. Аналитичарот Жидас Даскаловски смета дека со понуденото од Мицкоски, добиваме гранции дека Бугарија нема да не манипулира и уценува на патот кон Европската унија, што е случај последниве неколку години. 

-Тој повторно масата ја преврте, така да се изразам. Се сеќавате дека во еден момент им понуди на ДУИ и на СДСМ, кои што владеат, хрватски модел. Значи добро, еве дај да разговараме, ви давам идеи. Повторно даде нова идеја, дали е таа прифатлива за СДСМ и ДУИ ќе видиме во наредниот период. На некој начин се добиваат оние гаранции за тоа дека Бугарија нема да манипулира со процесот, дека тоа ќе биде фер процес и ние ќе влеземе во ЕУ со загарантиран идентитет, изјави Даскаловски.

Мицкоски јасно побара евентуалните уставни измени да стапат на сила при влезот на државата во Европската Унија, а не пред стартот на преговорите, како што Ковачевски договори со бугарските власти. Според Даскаловски, тоа претставува борба да добиеме подобра позиција во преговорите со ЕУ. Даде и пример во минатото каде Македонија добила многу повеќе од она што првично и било нудено.

-Ставено е на маса, на некој начин ние и се бориме да добиеме подобра позиција во преговорите со Брисел. Знаеме историски преседани дека на пример сме имале ситуации со лисабонски предлог за Македонија да се признае, ама да не фигурира како Македонија, па сме добиле подобар предлог. Така да го сфаќам ова како еден вид на борба, дали дипломатски беше правилен потег ќе видиме на крајот на играта. Но, во секој случај ние навистина треба да се бориме, изјави Даскаловски.

Според Даскаловски логично е и барањето на опозицијата за Влада на македонско национално единство без ДУИ. Вели дека иако од таа партија никој се уште нема одговарано пред надлежните, сепак е полна со функционери за кои постои голем и основан сомнеж дека се вмешани во криминални и коруптивни дејствија.

-И едноставно прашање е кој би сакал да коалицира со таква партија, таму тие имаат и некои процеси, промени, делби, можеби ќе се случи модернизација на таа партија, промена на структурата. Меѓутоа каква што е сега ДУИ е еден голем баласт за македонската држава, македонската општество. И навистина е потребно да биде модернизирана или да биде еден период во опозиција, изјави Даскаловски.

Мицкоски на Ковачевкси му предложил три датуми за избори на есен. 24 септември, први или осми октомври. Порача дека тој што ќе биде поразен ќе треба да го поддржува победникот во одбраната на македонските национални интереси.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста