Мицкоски: Уставот нема да се менува, а референдум ќе има за преговарачката рамка

Уставот нема да се менува, а референдум ќе има на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат да ја прифатат актуелната преговаерачка рамка. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е дециден дека најголемата партија во македонскиот парламент нема да отстапи од она што го најави. Консултациите за Референдумот и како точно тој би се спровел се уште траат и се фокусираат на преговорачката рамка, каде е вметнат протоколот а не на уставот. Лидерот на опозициската партија порача дека постои можност и Софија да го повлече барањето за вметнување на бугарите во Уставот, а тоа Владата да го препише како своја голема заслуга.

Промената на Уставот, кажав дека нема да се случи. Гаранција е зборот на 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се фокусираме ние на тоа, ние се фокусираме на преговарачката рамка каде е вметнат протоколот. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која ниту една земја членка немала. Не се грижете, Уставот нема да се смени. Јас знам дека има владини инсталации во опозицијата, каде ќе подриваат. Уставот е безбеден и сигурен. Ние зборуваме за преговарачката рамка. Не би ме чудело Софија да се повлече, а некој тоа да го претстави како победа, изјави Мицкоски.

За Мицкоски вчерашниот ден во Брисел бил како што вели, заблажување и фотосесија, но не и преговори за кои вели ниту ги има, ниту пак ќе започнат. За убедувањата дека јазикот е чист вели дека ги побиваат јасните позиции на Софија која не го признава македонскиот јазик. Или исто како што е јасно дека Албанија ќе ги започне преговорите, а Македонија ќе остане во чекалната,.

Подготвени се се да распродадат, не треба да губиме надеж . Ковачески , Османи , Маричиќ можат да се обидуваат се да прават но нема да им дозволиме се да прават но потоа доаѓа нова влкада и тоа го зазема како ветување и се она што е погрешно направено овие грешки да бидат исправени а виновниците да одговораат, рече Мицкоски.

Во однос на пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека опозицијата треба да ги почитува европските вредности , Мицкоски одговори дека промената на името, на Уставот, на знамето никако не се европски вредности .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста