Мицкоски: Талат Џафери нема да биде вечно претседател на Собранието и ќе одговара за своите постапки

Талат Џафери нема да биде вечно претседател на Собранието, неговата партија во скоро ќе биде опозиција и ќе има одговорност за нивните постапки – ВМРО-ДПМНЕ најави дека борбата во Парламентот ќе продолжи, посебно по одбивањето на Иницијативата за Референдум. Лидерот на опозициската партија е дециден дека не смее да се дозволи, еден човек да биде над законите и над Уставот.

Играта на поднесување иницијативи може да ја играме до бескрај, но видовте, ние поднесовме иницијатива согласно Закон, еден човек себе си се става над Уставот, над законите, па тоа доаѓа до преседан, и тоа станува пракса.Тој треба да одговара за тој преседан, и ќе одговара. Тој вечно нема да биде на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, во скоро време ќе биде опозиција, и за своите постапкки тој човек ќе одговара – изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно најави дека ќе ја поддржи иницијативата на Левица која денеска го утврдува  утврдува рефрендумското прашање поврзано со бугарските барања. Како што веќе објави лидерот на партијата Апасиев, прашањето нема директно да се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија со цел собранискиот спикер Џафери да не го искористи истиот изговор да ја одбие и оваа инцијатива дека ратификуваните меѓународните договори не може да се менуваат со закон.

Состанокот на партијата се одржува денеска, а утре ќе биде објавено Референдумското прашање а како што брифираат од партијата, правниот основ за прашањето ќе се бара во заклучоците што парламентот ги усвои во преговарачката рамка со Брисел.

Од Левица најавуваат дека иницијативата во ДИК за првите инцијални 100 потписи ќе се најде веќе во петок, а во парламентот се надеваат дека ќе влезе веќе во понеделник.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста