Мицкоски: Струјата ќе поскапи за над 10% и тоа поради лежерниот однос од власта

Струјата дефинитивно ќе поскапи поради неспособноста на власта и на државната ЕСМ, предупредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зашто како што вели, Владата го преспала периодот кога другите земји активно работеле на проблемот. Доказ дека државата не инвестира во домашното производтсо е вчерашната поплава во „РЕК Битола“. Мицкоски покажа фотографии од поплавата каде јасно се гледа како сите машини се удавени во вода, а штетата на дневно ниво се брои во милиони евра.

  • Ова е ситуацијата во РЕК Битола во овој момент – удавени рударски машини и транспортни траки кои што наместо да копаат јаглен, ние денска треба да увезуваме електрична скапа енергија. Тоа е првата работа зошто цената на електричната енергија ќе поскапи, рече Мицкоски, и додаде дека штетата од поплавените машини брои милиони, дневно се мери во милиони.

Тврдењето на Регулаторна и на власта дека за поскапувањето од 10% наводно ќе биле одговорни општините, не држи. Центалната власт наместо да им помогне, неосновано ги обвинува.

  • Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година, вели Мицкоски.

Математички, според него, е невозможно струјата да поскапе 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал.

  • Е сега каде се парите? Од истиот тој извештај на Регулаторната комисија за 2021 година можете да забележите дека во 2021 година се произведени од страна на ЕЛЕМ 3,17 тераватчасови електрична енергија, а само две две години претходно во 2019 година 4,25 тераватчасови електрична енергија. Што значи ЕЛЕМ наместо да произведува односно на тие што го водат приоритет им се договори во четири очи, нагласи Мицкоски. Разликата во пари во производството на струја, според него, изнесува 250 милиони евра, додава Мицкоски.

Инаку по локалните избори, дотациите од центалната кон локалните власти се драстично намалени.

Според ВРМО-ДПМНЕ инвестирање во домашното производтво, ќе ја ублажи лошата енергетска состојба во земјава.

Во меѓу време, на изјавата од Мицкоски реагираше ЕСМ. Велат дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини.

  • АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од владата, се вели во реакцијата од АД ЕСМ.

Сепак за време на зимата ЕСМ не успеа да ги задоцволи потребите на Македнија, па во неколку наврати беше повлекувана скапа хавариска струја од европската мрежа, па ЕСМ потроши милиони евра кои беа префрлени од државниот буџет, односно од сите граѓани.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста