Мицкоски: Струјата реално ќе поскапи за 18%, народот ќе гори се за да се затопли оваа зима

Со новиот тарифен модел граѓаните ќе бидат на два пати оштетени. Еднаш директно, преку плаќањето на сметките и втор пат преку буџетот, бидејќи ќе се потребни помеѓу 150 и 200 милиони евра од централниот буџет кон ЕСМ, тврди Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ова што го кажуваат, од 7 и пол проценти и е голема лага, тоа ќе се случува во оние преодни месеци, Април, Мај, можеби Септември, Октомври. Но во текот на зимата поскапувањето ќе биде од 20% до 50% во зависност од тоа каква изолација ќе имаат нашите домови“ – Изјави Мицкоски.

Поспакувањето не е само за домаќинствата. Мицкоски вели дека индустријата ја очекува шок од 300% и повеќе. Поради што ќе се затвораат бизниси. Луѓе ќе остануваат без работа и тогаш прашањето за егзистенција ќе е уште поголемо од тоа што е денеска, поради што, повторно побара предвремени избори.

„Тоа се пари на граѓаните, кои што ова расипништво и лоповлук на Владата ќе го плаќаат преку своите даноци. Така што, треба да дојде крајот на овие криминалци во политиката, а лекот за тоа се нормлано, предвремените парламентарни избори. Тоа што го бара ВМРО-ДПМНЕ, да дојдат луѓе кои што знаат како треба да сработат за да не трпи стандардот на граѓаните.“ – Истакна тој.

Мицкоски додава дека ова ќе значи дополнително загадување на воздухот и околината, затоа што на голем дел од граѓаните ќе им биде приоритет да ги стоплат домовите, а поради повисоките цени на електрична енергија ќе се трага по алтернативи, поради што, оваа зима ќе се гори се и сешто за топлина.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста