Мицкоски порача дека сите ќе одговараат, за Ковачевски опозицијата ширела хистерија

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и порача на власта дека сите од прв до последен ќе одговараат за спорниот договор за изградба на автопатиштата. Христијан Мицкоски аламира дека со спогодбата која ја крие, власта ја поставува Македонија во подредена положба на која и се уништуваат народните ресурси. Најави дека во следните денови ВМРО-ДПМНЕ на јавноста аргументирано со докази ќе ѝ претстават и други спорни моменти, кои Уставниот суд ги поништил пред години.

„Јас повторно ќе го повторам она што го кажав, се срамам поради нивниот срам. Она што вчера на отворена сцена го правеа не доликува на луѓе кои што на крајот од денот оваа држава им ги обезбедила основните и елементарни права, на крајот од денот ги образувала бесплатно, еве барем до тука да се задржеме. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера во детал да навлезе во ова што тие го превземаа како обврска и бидејќи ја ставаат свесно државата во подредена улога, а со тоа и ги уништуваат народните ресурси, јас јавно кажувам еве повторно, вчера го кажав тоа и денеска ќе го кажам, ќе одговараат. За ова има да одговараат“, рече Мицкоски.

Наместо конкретни одговори, премиерот Ковачевски повторно влезе во битка – ја обвини опозицијата дека ширела лаги и хистерија. 

Тоа е една обична лага и ширење невистини, како што прават неговите колеги и неговиот претседател кој цел ден само се заканува и ништо не работи. Договорот со „Бехтел и Енка“ е јавно потпишан врз основа на посебен Закон, одобрен во Собранието од сите пратеници. Ги има поминато сите законски процедури за склучување. Договорот во над 400 страници ги дефинира условите за изградба на автопатот. Има и измени на неколку закони за обезбедување услови за забрзување на постапката за изградба на овие две големи делници. Намерата е да се изгради модерен автопат за пет години, со сума соодветна за таков проект. Пратениците имаат можност да ги одобрат тие одредби според процедурите. Сите други одредби во законот се согласно специјалниот закон што е донесен, рече Ковачевски.

Најавените законски измени за евентуално зголемување на работната недела наидоа на отпор од пратениците, невладините организации, синдикатите.

Дури и претседателот Стево Пендаровски призна дека во законските решенија имало спорни одреби. Тој ќе чека да ги види финалните верзии, пред да одлучи да ги потпише нивните укази.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста