Мицкоски повикува на формирање на пакт за национално и државно единство

Пакт за национално и државнавно единство за обединување на македонското ткиво и блок . Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ од вечерашнта трибина  во Велес повика да се прифати понудената рака и да се препознае како што рече историскиот момент . Според него ДУИ го држи Ковачевски во заложништво и тие се вистинските газди во Владата , газди на криминалот и господари на туѓите судбини, рече лидерот на опозицијата .

Ќе направам се за да ДУИ оди во опозиција, рече Мицкоски и додаде „и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за да ДУИ после 20 години власт да оди во опозиција. И ова не го зборувам затоа што на овој начин сакам да го градам својот рејтинг, и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како што тие луѓе од раководството на ДУИ јавно го зборуваат. Ова го зборувам затоа што верувам во тоа. Кога тие ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија. Кога тие ќе заминат во опозицијата ќе не биде. Повторувам ова е пакт за национално единство со некриминализирани сегменти од општеството. А криминалците од сегашната Влада ќе одговараат пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

Тој порача дека Македонија не е на распродажба и нема да дозволи да се прави крпа од волјата на народот.  Ги повтори добро познатите позиции во пресрет на лидерската средба во однос на Уставните измени , и упати порака и до меѓународниот фактор вели ги разбира позициите , но Македонија мора да има исти третман  како и сите други земји кои пристапувале кон ЕУ.

Цела седмица гледаме една сапуница, каде со доза на напнатост од страна на медиумите се дознава дали премиерот ќе испрати официјална покана за лидерска, па потоа дали Али Ахмети ќе се согласи Ковачевски во четири очи да разговара за иднината на својата држава, па на крајот дали раководството на СДСМ ќе има доволно храброст и доверба во својот претседател да го пушти на една таква средба, рече Мицкоски.

Според Мицкоски нема друг пример и нема поголема жртва дадена од друга држава на патот кон ЕУ како случајот со Македонија .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста