Мицкоски: Повикувам на мирно и достоинствено чествување на 4-ти февруари

Власта започна со притисоци и заплашување во пресрет на чествувањето на 151от роденден на македонскиот великан Гоце Делчев. Полицијата ги повикува граѓаните на информативен разгвор, со предупредување да не се организираат и да не одат во Св. Спас. Ова го потврди и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој порачува граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

  •  „Имам информации за такви информативни разговори и јас ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите кои што секојдневно се присутни и кои што имаат само една цел и тие одат во полза само на една структура а тоа е на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и на нашиот источен сосед. Ниту една провокација на која што ќе потпадне било кој граѓанин не оди во полза на македонскиот народ и на Македонија како држава затоа ги повикувам ние сме мирен честит,достоинствен народ, библиски народ“ – Вели тој.

Мицкоски ги повика сите на тој ден мирно и достоинствено да се поклонат на вечното почивалиште на Делчев и да не се дозволи корумпирани полициски структури кои што се обидуваат да го разединат македонскиот народ, да успеат во намерите.

  •  „Ние сме навикнати ние пет години живееме под политички терор на владата на СДСМ и ДУИ, навикнати сме едноставно отпорни сме на сето тоа, повикувани се ќе бидат повикувани, се до моментот додека оваа влада не замине, потоа тие кои што ја злоупотребуваат таа позиција. Но доаѓа денот кога ќе треба да дадете одговори на многу прашања и потоа нема бегање, нема плачење, нема лелекање, нема кукање, ќе треба да се дадат одговори а тој ден доаѓа“ – Додаде Мицкоски.

Тој вели и дека ако се случат инциденти, за тоа ќе е одговорна МВР и владата. Смета дека може да има немили настани само ако Спасовски и тие околу него сакаат така да биде, бидејќи ако тие ги слушаат апелите и навистна сакаат чествувањето да помине мирно, нема да дојде до инциденти.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста