Мицкоски: Општините кои ги водат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и покрај опструкциите од централната власта, реализираат локални проекти

И покрај тоа што општините со кои раководат градоначалници од опозицијата во континуитет трпат силни притосоци и опструкции од централната власт, сепак нивните резултати за само година и пол, биле евидентни, тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Како и сите градоначалници кои што се избрани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, така и овде во Градско имаме огромни притисоци од страна на Владата, несоработка, и за жал, морам да констатирам дека на тој начин си го казнуваат сопствениот народ, граѓаните во сопствената држава и неодговорно се однесува Владата. Додека Владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ упорно краде и ја уништува Македонија, градоначалниците и општините каде што имаме кадри на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат разлика и работат“ кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ова е вака, позитивен пример е и малата општина Градско, каде финишираат активностите за да се обезбеди бесплатно сместување на предучилишни деца во една градинка, како и бесплатен оброк, првично за учениците од прво до петто одделение, а потоа и за останатите, што претставува новина во државава. Истовремено, во оваа мала општина започна и изградбата на обиколница со која, веќе за еден месец ќе се растовари сообраќајот во централното подрачје од тешките товарни возила.

Започнува со изградба оваа улица која што ние ја нарекуваме обиколница, која што е тендерирана од Министерството за транспорт и врски. Средствата се обезбедени од Светска банка и се во износ од 7.600.000 денари“ изјави Киро Нацков, градоначалник на општина Градско.

Мицкоски потести и на тоа што речиси сите општини биле наследени со огромни финансиски дупки, со што беше доведена во прашање и реализацијата на ветените проекти, па сега градоначалниците се принудени да бараат нови начини за обезбедување финансиски средства, како што е случајот со издавањето на општински обврзници, иако и тука централната власт правела опструкции. „Се кратат средства, се кратат дотации, нема реализација на проекти“, констатира Мицкоски, притоа давајќи им поддршка на градоначалниците да истраат во оваа нерамноправна битка за проекти, бидејќи крајот на оваа власт бил блиску.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста