Мицкоски од Генералното собрание на ЦДИ: Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе направи економски реформи и владеење на правото

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обраќајќи се на годишното собрание  на Центристичка демократска интернационала, нагласи дека идната влада што ќе ја предводи ВМРО ДПМНЕ ќе направи сѐ што е во нивна моќ да ги исполнат вистинските критериуми за членство, да направат вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа, додаде Мицкоски. На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на Евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија, рече Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста