Мицкоски: Неуставен е делот за зголемувањето на работната недела, Ковачевски и Груби ќе одговараат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порача на  Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби дека ќе сносат одговорност за преземената обврска на владата да му плаќа пенали во милионски суми на изведувачот на автопатите , доколку не се донесат измените на законот за работни односи.

„Од тоа што можев да го видам во договорот кој беше приложен во медиумите е дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето на тој договор не се смени законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш  Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест, пенали од минимум 53 милиони евра“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Општина Зрновци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста