Мицкоски на средба со Сарацин: Владата врши злоупотреба на европското знаменце за историски криминал

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го прими специјалниот претставник на германската Влада за Западен Балкан, Манеул Сарацин. На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија.

Мицкоски го информирал Сарацин за злоупотребите во Собранието, кои што ги прави власта, со користење на европското знаменце за законските измени потребни за договорот со Бехтел и Енка, без да и се дозволи на опозицијата да дискутира за забелешките на законите. Мицкоски потенцирал дека граѓаните тонат во се поголема сиромаштија, а високите владини функционери се богатат со државни пари, криминалот цвета, а корупцијата расте.

Лидерот на најголемата опозициска партија, му порачал на Сарацин дека  граѓаните на Македонија час поскоро треба да бидат дел од ЕУ, но процесот да се води исклучиво по европски принципи, а не по уцени и закани од соседна Бугарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста