Мицкоски: Компаниите во Македонија денеска плаќаат два ипол пати поскапа струја од отколку пред пет години

Невистина е дека Владата им помага на 72 илјади компании. Стопанството плаќа 8-ма најскапа струја во Европа, алармира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Еден мегават час македонските компании во просек го плаќаат 168,64 евра. За споредба вели Мицкоски, според „Еуростат“ фирмите во регионот плаќаат многу поевтина струја од македонските, Србија 89,3 евра за мегават; Босна и Херцеговина – 71,4 евра; Турција – 117,1 евро;  Косово – 65,9 евра;  Хрватска – 141 евро; и Словенија – 143,5 евра за мегават час.

управувал со АД ЕЛЕКТАРНИ на Македонија, македонските компании плаќале четврта најевтина цена за струјата, или два ипол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа, укажувајќи дека колку подолго останат овие политички измамници од власта, толку полошо им се пишува на Македонија и граѓаните.  

  • „Јас во тој статус кој што утринава го објавив, се повикувам и на периодот кога јас управува со АД ЕЛЕКТРАНИ на Македонија. Тогаш во првата половина во 2017тата година, значи пред само 5 години македонското стопанство, македонските компании плаќаа четврта најевтина цена за струјата, или два и пол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа. Значи замислете за 5 години оваа влада која што ветуваше живот, која што ветуваше укинување на скапата тарифа, која што ветуваше бројчаници, која што ветуваше што ли уште не, не можам веќе да се сетам колку лаги изнакажа за македонските компании, за македонското стопанство според ЕУРОСТАТ, не според мене, цената на струјата за 5 години ја покачи за два и пол пати“ рече Мицкоски.

Јавните општински и државни претпријатија треба да мигрираат од слободен на регулиран пазар, повтори Мицкоски и додаде дека тоа е за доброто на сите граѓани. Според информациите кои ги имам, вели опозицискиот лидер, владини претставници ќе оствареле средба со контактите кои ги предложи, но вели натаму во процесот нема да меша.

  • „Исто така до соодветните министри го предадовме и предлог законот за измени на Законот за енергетика со кој што предвидуваме мигрирање на јавните претпријатија кои што вршат комунална и водостопанска дејност. Тука веднаш да стане јасно, не мислам само на општинските, тука мислам на сите, вклучително и на државните, како и објектите кои што се дел од образованието и од здравството, од слободниот да мигрираат назад на регулираниот пазар со што драматично ќе се олесни и за граѓаните, ќе се амортизира овој ценовен шок. Тоа е веднаш то треба да се направи“, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, според партискиот лидер, ќе продолжи и понатаму да работи во интерес на граѓаните и стопанството и да помага на секој начин бидејќи, како што вели, одговорните очигледно не правеле доволно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста