Мицкоски: Граѓаните ќе платат скапа цена поради неспособноста на власта, тоа е срам за државата

За пропаднатата евробврзница од 600 милиони евра виновна е Владата и премирот, а сиот товар ќе падне врз грбот на народот, кој ќе ја плати штетата од неодговорната власт, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Споре него, ова е срам за државата која нема никаква одговорност, и вели дека можно е следната евробврзница да биде со поголема камата.

  • Па за штетата треба да одговори Ковачевски колкава е штетата но тоа е еден настан без преседан, за жал кој што повторно ќе треба граѓаните да го плаќаат, и за финансиската штета што и е нанесена на државата но и за срамот кој што е нанесен на државата односно е нарушен кредибилитетот и не би ме чудело ако веќе следната обврзница која што ќе се издава биде со повисока камата имајќи предвид од тоа што го дознаваме од медиумите 41 % од инвеститорите се фондови од Северна Америка самото тоа доволно говори. Откажувањето на обврзницата поради банална причина не е битно дали е потписот на министерот што е сменет или нешто друго, едноставно е нарушен кредибилитетот на државата нанесен е трошок кој што на крајот од денот ќе го плаќаат граѓаните срамот кон овие 41 % од инвеститорите овие фондови од Северна Америка, трошокот кон тие четири банки, трошокот кон оние компании и куќи кои што вршеле промоција на оваа еврообврзница, со еден збор срам и една катастрофа што ота практично се пресликува на секое ниво во државата, нагласи Мицкоски.

Проблем не е само пропаднатата еврообврзница, туку и еден куп натрупани проблеми кои и тежат на државата. Според Мицкоски, Власта не може да се справи ниту со енергетската криза. Што се однесува до набавката на гас по двојно поскапа цена, цехот ќе го плати народот, и се надева дека ќе има одговорност.

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски.

  • Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ.

Дека на државата и требаат длабински промени уште еднаш алармираше Мицкоски. Рече дека добро е да се направи разлика помеѓу тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во општините каде што има градоначалници и тоа што не го прави владата на ДУИ поддржана од СДСМ на централно ниво.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста