Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот за 400 милиони евра, неминовни се нови задолжувања

За 400 милиони евра е зголемен државниот долг во првите три месеци од годинава, а јавниот долг за истиот квартал е зголемен за 422 милиони евра и тоа во време на криза, алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, власта не знаела да се справи со кризата, а за тоа е доказ лошото менаџирање со народните пари. Згора на се, додава Мицкоски, граѓаните тонат во сиромаштија, а задолжувањето ќе го плаќаме ние, нашите деца, и за жал неродените деца.

  • „Е, сега власта сака тој долг да го зголеми за една милијарда и повеќе за следната година и затоа прават така екстремно голем буџет за да можат да врват договорите во четири очи. Знаат дека таа им е последна година би рекол, и тие викаат ајде што може да се земе да се земе. Ама забораваат дека има одговорност. Не знам дали се свесни дека има одговорност. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ нема намера со никого да се пазари. не знам дали тоа не го разбраа досега. Еве јас им ветувам дека ќе има одговорност. Ако мислат они дека ќе потрошат 5,3 милијарди народни пари, а најголемиот дел од тие пари во договори во четири очи се лажат“, истакна Мицкоски.

Покрај лошата финансиска состојба во државата, Мицкоски вели дека Владата потфрлила и со реализацијата на капиталните инвестиции. Иако, Владата за догодина предвидува 795 милиони евра за капитални инвестиции, сепак нивната реализација изминативе години секогаш потфрла и е многу помала од првично планирано.

  • Предвиделе капитални инвестиции од 49 милијарди денари. Оваа година предвидуваа најпрвин 38 милијарди денари, за да со ребалансот намалат на 32 милијарди, а заклучно со првите 10 месеци од годината со 31.10 успеале да реализираат 14 милијарди. А, вас ви вели овде градоначалникот дека реализирале 75% од капитални инвестиции, така работи ВМРО-ДПМНЕ. А, така краде СДСМ. Ете тоа е разликата меѓу овие политички измамници и луѓе кои што навистина си ја сакаат државата и народот и сакаат нешто да направат“, нагласи Мицкоски.

И дојдеа опозицијата критикува дека економската состојба не чини, Владата за 2023-та превидува проекции за економски раст од 2,9% и дури 4,6% во следните години. Сето ова се случува во време кога Светската Банка предупредува дека земјава е на работ на рецесија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста