Министерот Шаќири очекува Владата да најде решение со бомбите и наставата

Учениците денеска уште во автобус дознаа дека има дојави за бомби во 18 училишта во главниот град. И денеска без настава или пак онлине настава која се одвива со падни стани платформа за учење. Министерот Јетон Шеќири, сепак  уверува дека проблемите со платформата Тимс се надминати и дека и дури и  училиштата кои за првпат се соочиле со дојава за бомба, непречено одржуваат настава на далечина. Тој очекува Владата да се ангажира за ова прашање и да донесе конкретни мерки.

„Сега ќе ги разгледуваме проблемите кои излегоа, очекувам во најбрзо можен рок, заедно со Владата, да дискутираме и најдеме решение за училиштата каде има целодневна настава, и за сите останати да најдем решение на пробемот од лажните дојави на бомби, кој доаѓа на мејловите и на променетите мејлови“, рече Јетон Шеќири, министер за образование

Тој како министер е против онлајн настава, но како министерството констатирале дека тоа е единствениот начин да се надополни пропуштената настава. Според Шаќири не е лесна одлука да се воведе целосна онлајн настава, но, и тоа не е исклучено.

Неколку пати сме кажале дека сме против онлајн-настава, но за да не се изгуби во образовниот процес, ја донесовме оваа одлука. Сега ќе ги разгледани и проблемите кои произлегоа и во најбрз можен рок да ги дискутираме проблемите во училиштата со целодневна настава. Ќе видиме со нов предлог за решение, изјави денеска Шаќири.Јетон Шеќири, министер за образование

За родителите кои работат и се нервозни не само поради нефукционалната платформа за онлајн настава, туку и затоа што мора да излезт од работа, министерот уверува дека ќе се донесат дополнителни предлог мерки за решение на овој проблем.

Тој ги смирува матурантите, дека можат слободно да дишат затоа што државна матура ќе има. Министерот уверува дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори.

За хаосот во образовниот систем реагираат и од Заедница на единици на локална самоуправа и од Синдикатот за образование и наука. Од зелс бараат посериозен пристап од МВР и министерството за образование за дојавите на бомби, а од синдикатот велат дека подобро е онлајн настава отколку секојдневниот стрес што го трпат учениците.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста